СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од сериите, ДПМНЕ ќе го уништи образованието

Од:

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја преземаа власта, потврдија дека образованието за нив воопшто нема да биде приоритет. Министеката Јанева, вчера во скандалозна изјава рече дека учебници по странски јазик нема да има, но тоа не е проблем затоа што учениците учеле од серии. Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки вели пратеничката на СДСМ Даниела Николова

– Покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозја достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата. Потврда за тоа дека ДПМНЕ нема намера да го унапредува образованието, е ребалансот на буџетот кој јасно ги истакнува приоритетите на Владата, односно јасно потврдува дека образованието не е приоритет, рече Николова.

Таа вели дека со ребалансот на буџетот се кратат средства во програмата за инвестиции во образованието, како и во програмите за проекти во основно и средно образование. Според неа значи дека ДПМНЕ крати од програмите кои значат подобра ифраструктура, од проекти за поддршка за ранливите групи на дечиња и крати од програми кои обезбедуваат професионален развој и напредување во кариерата на наставниците.

– Ако ја погледнеме програмата на Владата предводена од ДПМНЕ во делот за образованието, ќе видиме дека таа се обврзала на: Раст на платите на наставниците како и сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Очигледно е дека од тоа нема да има ништо. Уште една голема предизборна лага на ДПМНЕ, вели Николова.

Би можело да ве интересира

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Јаневска: Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски