СДСМ тврди дека намало телефонски разговор меѓу Заев и Иванов за аболиција

Од:

Иванов нека ја објави снимката од состанокот на Советот за безбеност, одржан на 10-ти мај, веднаш по настаните во Куманово, и друг разговор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со Претседателот Ѓорге Иванов – немал, тврдат од најголемата опозициска партија, во реакцијата на изјавата на шефот на државата дадена во интервјуто диркето пренесувано на националнтие телевизии, дека Заев во телефонски разговор ден претходно, на 9-ти мај барал од Иванов да биде аболициран.

„Како што ги има сите снимени разговори, сигурно го снимил и разговорот по 9-ти мај. Нека го преслуша и нека каже што тогаш бараше од мене како претседател. Веројатно во текот на времето Заев ги менува своите ставови, ги менува своите изјави и настојува секој пат да каже дека сето тоа што досега го кажал и направил, не важи. Во политиката кога влегувате, зборот ве обврзува. Испукан куршум и искажан збор, со ништо не се враќа. Сето она што го кажал, ако е повод за ова што се случува, тој може да одговара пред судот на јавноста и на избори и граѓаните да кажат што мислат за тоа што тој го направил на државата досега“, порача во итнервјуто Иванов.

„Иванов дрско ја лаже јавноста“, одоворија од СДСМ и порачаа дека „предводникот на демократска Македонија, Зоран Заев, никако не може да биде покритие за обидот на криминалното здружение на Никола Груевски да ја спаси сопствената кожа преку неуставни одлуки“.

„Претседателот на СДСМ, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки. Заев денеска бара Иванов веднаш да ја повлече аболицијата“, порачаа социјалдеморкатите во писмената реакција

„СДСМ покрена постапка за одговорност и разрешување на Ѓорге Иванов од позицијата на којашто на криминални избори го постави Никола Груевски. Со тоа што Иванов го амнестираше Никола Груевски 5 пати, Миле Јанакиевски 16 пати, Гордана Јанкуловска 13 пати покажа за кого одработува на штета на граѓаните, уставниот поредок и законите во Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ не се потпиша на постапката за разрешување а Никола Груевски денеска јавно рече дека не ја отфрла аболицијата со што призна вина за целокупниот криминал. Заштитникот на криминалната банда, Ѓорге Иванов, денеска потврди дека зад антидржавната одлука за аболиција стои лично Никола Груевски. За да се заштити себе си и криминалната банда околу него, Никола Груевски нарача, а Иванов спроведе државен удар. Јавноста се сеќава на кампањата на Ѓорѓе Иванов за претседателските избори, кога безброј пати повторуваше дека тој и Груевски работат тимски. Еве го резултатот од таа нивна „тимска“ работа. Еве како Груевски и Иванов тимски ја уништуваат Македонија, како тимски го згазија достоинството на граѓаните, уставот и законите“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски