СДСМ: Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да признаат дека Владата вистински се грижи за лозарите

Од:

„Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ денеска требаше да ја поздрават одлуката за дополнителните 2 денари по килограм за лозарите и да признаат дека СДСМ, Министерството за земјоделство и Владата вистински се грижат за лозарите“, велат од партијата СДСМ.

„Со последната одлука Владата воведе дополнителна мерка од 2 денари по килограм за лозарите. Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари по килограм, цената на откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревката и 17 денари за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари по килограм што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари по килограм за смедеревка и 20 денари по килограм за вранец“, додаваат од СДСМ.

Според нив постигнат е договор преку дијалог со лозарите и винариите, од кој сите се задоволни, а како што велат, СДСМ секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува лозарите, винариите и сите земјоделци.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“