„И Никола Груевски ја најави својата оставка ама „Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија” се уште молчат за високите, милионски приходи.
Тишина владее кај овие медиуми од каде им се милионите на нивните сметки.
Дури три милиони евра за фабриката за лаги на Никола Груевски! Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.
Очигледно главните уредници на „Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија”, братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков се плашат од вистината и за начинот на финансирање на овие медиуми.
Помина еден месец откако СДСМ објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”
Јавноста дозна за приходите на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир” и “Радио слободна Македонија.”
Според податоците од Централниот регистар, во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ успеала да оствари приходи од 242.000 евра. Како е тоа можно?
Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на овие провладини медиуми, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.
Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на “Курир” и “Радиото Слободна Македонија” сопственик е и на “К Три телевизија ДООЕЛ Куманово”.
Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.
Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
Штама и во “Република” за милионските приходи.
Според официјалните документи на Централен регистар за период од три години провладиниот неделник „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра.
Од каде им се милионските приходи на медиумите коишто ги уредува Никола Груевски?
„Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!
Затоа овие медиуми на Груевски и Мијалков 10 години ги трујат граѓаните со нарачани информации и ги штитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков“, се вели во соопштението на СДСМ.