СДСМ: Треба да му се помогне на Мицкоски, секој треба да го повика да се охрабри и да каже дека е против бојкот

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„На помалку од 20 дена од референдумот ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат јасен став дали се против бојкот на македонската иднина.

Треба да му се помогне на Мицкоски.

Секој кој ја сака Македонија треба да му помогне на Мицкоски, да го повика да се охрабри и исправено да каже дека е против бојкот на македонската иднина.

Само така, со јасен и цврст став Мицкоски би можел да оди на дебата. За дебата се потребни ставови.

Несериозно и неодговорно е се друго.

Овие историски моменти пред коишто е исправена Република Македонија се повик за одговорност на сите политички чинители, да ја поддржат иднината на нашата татковина во ЕУ и НАТО.

Гласот за европска Македонија е глас за иднината, за здружување со најсилните сојузи во светот.

Има време Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски