СДСМ: Трајановски сака да ослободи од плаќање на комуналии приватен инвеститор за деловни простории и хотел

Од:

„За прв пат во историјата, Коце Трајановски сака да донесе одлука за ослободување од плаќање на комуналии на приватен инвеститор за деловни простории и хотел.

Се работи за објект кој е на плоштадот Македонија во Скопје и кој претставува продолжување на Скопје 2014. Објектот е поврзан со контроверзните Шпански скали кои ВМРО-ДПМНЕ не успеа на насилен начин да ги внесе во Деталниот урбанистички план“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Се сомневаме дека инвеститорот Амадеус Груп се ослободува од дел од комуналиите, за средствата да ги искористи за изградба на Шпанските скали на нивното земјиште.

Се сомневаме дека пред советниците брзо ќе биде предложена одлука за прием на споменик Шпански скали од приватен инвеститор, согласно новата криминална пракса на Коце Трајановски.

Коце Трајановски има обврска пред граѓаните да објасни кој е јавниот интерес за овој објект?

Како оваа барокна зграда ќе го подобри животниот стандард на граѓаните?

На каков начин ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот, што е сериозен проблем и го загрозува здравјето на скопјани?

Симптоматично е што советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Советот на град Скопје, изгласаа оваа точка да биде претпоследна на дневниот ред.

Очигледно на тој начин сакаат да се скријат за срамната одлука која ќе ја донесат против волјата на граѓаните на Центар, кои неколку пати јавно и гласно му кажаа НЕ на криминалниот проект Скопје 2014“, соопштуваат од СДСМ.

 

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија