СДСМ: Трајановски ќе се срами што ги извршувал хировите на својот шеф

Од:

„По логиката на владејачката партија излегува дека тие ја изградиле и јадранската магистрала.Е како е можно првенците на ВМРО ДПМНЕ да си припишуваат на себе се’, а за најкриминалните македонски приватизации како ОКТА, Телеком, НПК, Фесал 2-аранжманот, се однесуваат како да дошле во Македонија од друга планета“, стои во писмената реакција на СДСМ, како одговор на прес конференцијата на Коце Трајановски.

„Безидејните функционери на Груевски упорно го потценуваат сопствениот народ.Граѓаните знаат дека во времето на СДСМ, парите паметно се инвестираа во автопати, обиколници, енергетски објекти, гасоводи-капитални проекти од кои корист имаат генерации и генерации наши граѓани.Актуелната власт заклучно со 2012 година, преку државниот буџет потроши 18 милијарди евра народни пари, или троши една милијарда евра повеќе годишно од сите претходни влади.Резултатите се очајни, Македонија стана светски првак во економско-социјална мизерија, царува корупцијата во државните институции, стопанството се гуши во неликвидност, има рекордна сиромаштија и невработеност.

– Коце Трајановски ќе остане запаметен по огромната пералница на пари “Скопје 2014“ која досега чини 350 милиони евра, или прокоцка 220 илјади работни места.

– Коце Трајановски ќе остане запаметен по 10 милиони евра скапата барокна зграда на Водовод, златните милионски огради, жалните врби од 250 илјади евра, ангелите, спомениците и останатите луксузирања „ала Грујо“.

Уверени сме дека во иднина ќе се срами од фактот што слепо ги извршувал хировите на својот шеф Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија