СДСМ: Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научат разликата помеѓу луна парк и забавен парк

Од:

Токму поради ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски Скопје 11 години не се развиваше и остана без потребните содржини за секоја метропола. Несериозно е сега, ВМРО-ДПМНЕ преку Коце Трајановски да зборува за луна паркот кога токму Трајановски го остави Скопје без луна парк, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Коце Трајановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Осум години имаа Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ да изградат современ, модерен парк, но тоа не го сторија затоа што решија да ги исполнуваат криминалните желби на Никола Груевски преку проектот Скопје 2014.

Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научат разликата помеѓу луна парк и забавен парк за потоа да можат да зборуваат на таа тема.

За разлика од неколкугодишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, со одговорното работење на градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, денес се градат и водоводи и канализации, се пробиваат и реконструираат улици, но и се гради нов современ забавен парк.

Со домаќински однос има пари за сите потреби на граѓаните, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога пари имаше само за неколку поединци во белиот дворец.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати