СДСМ: Томовски и Мицкоски како паразити од ВМРО-ДПМНЕ со тендери во ЕЛЕМ од 60.000 евра

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити и тоа е докажано со факти и документи. Додека граѓаните осиромашуваа и тонеа во сиромаштија функционери од ВМРО-ДПМНЕ земале огромни суми на народни пари, како на месечно така и на годишно ниво, стои во соопштението од страна на СДСМ.

„Повеќе од 93.000 евра пари од граѓаните завршиле кај Мицкоски во тој период на ВМРО-ДПМНЕ, а кај Гордана Кочоска Димитриевска над 67.000 евра. Но тука не завршува листата на паразите од ВМРО-ДПМНЕ. Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ. Томовски од ВМРО-ДПМНЕ со потпис на неговиот шеф Мицкоски бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година, позиција на која само од плати тој од граѓаните зел над два милиони денари или над 30.000 евра“, велат од СДСМ.

И тука според СДСМ не е крајот, токму Томовски пред да биде избран од Мицкоски за управител на ЕЛЕМ Турс добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории преку приватна фирма Сити логистик.

„Томовски на тој договор вреден над 2,6 милиони денари или над 42.000 евра е потпишан како управител на фирмата Сити Логистик. Од другата страна, потписник е тогашниот директор на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. Двоецот Мицкоски – Томовски потпишал уште еден договор вреден околу еден милион денари или близу 16.000 евра“, информираат од партијата на власт.

Според СДСМ, срамно и безобразно е денес токму Томовски да зборува за паразити кога тој и Мицкоски во време на најголема сиромаштија, кога минималната плата беше 8.000 денари, се богателе на грбот на граѓаните.

Од таму додаваат дека ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел