СДСМ: Толку од силењето на Мицкоски, му испари ли мнозинството?

Од:

„Со денови Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство, мафташе пред јавноста со некакви списоци, а вчера кога се поднесуваше иницијативата го снема никаде и го пушти Александар Николовски да се бламира во Собранието. Четврток е денот кога ќе се види дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да собере доволно пратеници за изгласување недоверба на Владата или пак на површина ќе исплива уште еден блеф на Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Дали вчерашниот молк е доказ за стравот на Мицкоски од нов дебакл, дали во меѓувреме му испари долго најавуваното мнозинство?

Во меѓувреме, СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.

Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат удолу, а народот да страда како во оние 11 години на режимот.

Нема да дозволиме ниту загрозување на се она што досега е постигнато, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество.

Огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници, застануваат зад заедничката кауза, граѓанска и државничка.

Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски