СДСМ: Токму Илија Димовски гласал за формирање на Државната видеолотарија

Од:

„Компанијата за која деновиве ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали е компанија основана во 2014 година, време на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, а токму Илија Димовски кој деновиве неосновано обвинува гласал ‘ЗA’ формирање Државната видео лотарија“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека од „белиот дворец“ продолжуваат со конструирани случаи и измислици со цел да ја покријат сопствената безидејност.

„Колку ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во безидејност говори и тоа што една од набавките е отворена токму во времето на нивното владеење.Набавката за која лажно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ е распишана одамна, а поради обемноста, процесот за нејзина реализација траел подолг период. Како што информираа од Државна видео лотарија, набавката на слот-машините е од сопствени средства и не е потрошен ниту еден денар од граѓаните. Напротив, Државната видео лотарија преку законско и транспарентно работење учествува во полнење на Буџетот и за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Државната видео лотарија беше загубар, денес таа е една од најуспешните компании“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски