СДСМ: Точно, економски раст и живот ќе има од следната година, без власта на Груевски!

Од:

„Никола Груевски не може повеќе да ги излаже граѓаните, бидејки кога тие ќе погледнат во своите фрижидери, знаат колку тешко го преживуваат денот.

Груевски не може да ги излаже ни странските инвеститори кои не доаѓаат или доаѓаат па си одат поради лошите услови за работа во Македонија.

Појасни првиот човек на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели, “атрактивноста на целата економија, макро-економијата, фискалната економија – сите тие се фактори што инвеститорите ги земаат предвид“.

Ете поради тоа што условите за водење бизнис се само на хартија, Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот и Европа.

Затоа и 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

10.000 домашни фирми ставија клуч на врата.

Блокирани се сметките на над 21.000 домашни фирми.

Според последниот извештај на Светска банка намалени се приватните инвестиции, што значи дека е намалена инвестициската активност на домашните фирми. Светска банка изрази и загриженост за историското задолжување на Македонија од 5 милијарди евра.

Затоа, единствено точно од изјавата на Никола Груевски е дека од следната година ќе има поголем екомонски раст и подобар живот за граѓаните, зошто тогаш ќе ги нема на власт Груевски и фамилијата. За 43 дена одговорна Влада ќе се грижи за граѓаните и за Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ