СДСМ: Тимот на Кочовска уште еднаш потврдува дека кадрите во ВМРО-ДПМНЕ се истите оние на Никола Груевски

Од:

„Секојдневно се потврдува дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се остатоци на криминалниот режим на Никола Груевски. Таков е случајот и со тимот на дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Кочовска во својот кабинет ги ангажирала Благоја Ташаминов, Анита Стамнова и Мишо Николов.

Благоја Ташаминов е човек на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Ташаминов во време на најкриминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ бил претседател на Комисијата за јавни набавки, но и близок соработник на Зоран Ставревски“, велат од СДСМ.

„Ташаминов претходно нашол прибежиште во Агенцијата за разузнавање под ингеренција на Ѓорге Иванов.

Мишо Николов јавноста многу добро го памети по тоа што беше директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Додека Николов директоруваше во ЈСП беа набавувани кинеските автобуси. Додека Николов раководеше со сообраќајното претпијатие, се возеа стари и нееколошки автобуси а ЈСП градеше панорамско тркало за да ги исполни желбите на Груевски.

Овие кадри се уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Опозициската партија се уште е раководена од криминалецот во бегство Груевски.

Режимската, груевистичка матрица во ВМРО-ДПМНЕ се уше е силно присутна. Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат силен, убедлив пораз на предвремените избори.

На 12 април граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нереформираната, режимска ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме