СДСМ Тетово обвинува за груба партиска чистка

Од:

Одбележувањето на денот на независноста на Македонија, 8 Септември, во Тетово започна со бркање на Македонците од работа, стои во соопштението на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Тетово.

„Деновиве од работа беа избркани истакнати професори во основните и средните училишта , пред тоа, и истакнати воспитувачки и негувателки од градинките, а во тек е и чистката во општинската администрација и локалните јавни претпријатија, луѓе кои работат за една плата и за основна егзистенција.

Со ова ДПМНЕ во Тетово направи невиден преседан, првпат во 22 години самостојна и независна Македонија во нашиот град се случува да се бркаат луѓе од обични работни места за на нивно место веднаш да се стават партиски кадри на ДПМНЕ, со што го зголемија јазот помеѓу Македонците”, пишува во соопштението.

СДСМ-Тетово обвинува дека наместо решавање на натрупаните проблеми, за коалицијата ДПМНЕ-ДУИ најважна работа е како да ги вдомат своите партиските активисти.

„Ова ли е европската иднина која ја пропагираше г-ѓа Теута Арифи за ТЕтово, од која, како вицепремиер за евроинтеграции, очекувавме да ја внесе Македонија во Европската Унија? Дали градењето среќа врз туѓа несреќа е европска вредност? Па, и тие што деновиве се избркани од работа, оставени без плата, без парче леб и понижени, и сите оние кон кои се вршат констаnтни притисоци исто така плаќаат данок и давачки кон Општина Тетово. Баш нè интересира г-ѓо Арифи како ова ќе им го објасните на граѓаните на Општина Тетово, за кои е очигледно дека за едните сте мајка, а за другите маќеа”, стои на крајот од соопштението на СДСМ -Тетово.

Г.М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски