СДСМ Тетово: Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

Од:

Општинската организација на СДСМ од Тетово му порача на градоначалникот Биљал Касами дека не треба да фаворизира една етничка група кога зборува за градот. Ова следи по денешните фотографии објавени на профилот на Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук кој порача „Добродојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“, по приемот на дваесетина градоначалници Албанци од регионот.

-Градоначалникот на Тетово Касами очигледно нема ориентација во просторот. Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и други, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група.  Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови. Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник, се вели во соопштението на СДСМ Тетово.

Според соопштение од Општина Тетово, „градоначалникот денеска одржа средба со градоначалниците на општините во Косово и градоначалникот на општина Бујановец (Србија), на која се разговараше за реализација на заеднички проекти и за продлабочување на соработката меѓу нив“.

-Со задоволство денеска во Тетово ги пречекавме градоначалниците и амбасадорот на Албанија во Косово, Ќемал Минџози, со кои веќе имаме многу успешна соработка и сето тоа е во насока на градење мостови на соработка во сферата на економија, образование, култура и спорт. На оваа средба Касами го истакна фактот дека Тетово како важен туристички и економски центар ги нуди сите можности и изразува подготвеност заедно со општините на Косово и Албанија да аплицираат во ИПА фондовите за реализирањето на проекти, се вели во соопштението.

Касами заедно со делегацијата ги посети Шарена Џамија, комплексот Арабати баба Теќе и други културни објекти. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски