СДСМ: Тече постапката за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО

Од:

„Република Северна Македонија чекори кон НАТО. Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот.

Досега, шест земји членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување. Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија.

Во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја започнаа постапката за ратификација на Пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Нато алијансата.

Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.

Одиме напред, градиме силна и стабилна држава, обезбедена и сигурна. Држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.

Република Северна Македонија тргна напред и запирање нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни