СДСМ: Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од малубројни приврзаници на Мицкоски се доказ за очајот во кој е западната оваа партија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е деструктивна партија без став, која секогаш ги става партиските интереси пред државните и во сите клучни моменти за европската иднина на земјата, се обидува да ги поткопува државните позиции, да кочи, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.

Протестите на ДПМНЕ, поддржани од малубројни поддржувачи се израз на наводната загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво, во режим, со замолчувања, медиумски мрак, упад во Собрание со обиди за убиство на пратеници, тепање студенти и бројни случаи за пресметка со неистомислениците“, велат од СДСМ.

„После 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ, без слобода, работите се променети од корен, сега народот ја живее слободата и демократијата за која Зоран Заев се избори заедно со нив, рамо до рамо со сите слобоумни граѓани.

Бараат оставки, а избори имаше пред само 4 месеци, на кои народот му ја прати пораката на губитникиот Мицкоски, му го покажа патот, во опозиција.

Граѓаните избраа подобра иднина, застанаа зад храбрите и мудрите политики на претседателот Заев и на СДСМ, кои ја одведоа државата во полноправно членство на НАТО, кои обезбедија напредок по 25 години и поддршка од целиот свет.

ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста. Никој не преговара и нема намера да преговара за идентитетот и јазикот, а нашата државност почива на делата на антифашизмот, а токму ВМРО-ДПМНЕ ги исфрли антифашистичките борци на улица, ги менуваше називите на улиците и институции, кои носеа имиња на партизани, го изгради Музејот на жртвите на комунизмот.

Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес.

Залудни се сите протести и блокади, иднината на земјата е во евроатлантските интеграции, а на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“