СДСМ Струга: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од масовноста на отпорот

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Очигледно уплашени од масовното присуство на граѓаните на „Маршот на отпорот“ во Струга, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со лаги и манипулации да ја изврти вистината. Има само една вистина, а тоа е дека стружани со масовното излегување на маршот на 4-ти февруари 2013-та година како никогаш досега му кажаа „НЕ“ на овој ненароден режим на Груевски и фамилијата велат од СДСМ-Струга.

Свесни сте и сами кој ја заборави Струга и нејзините најзначајни личности кои ја пишуваа историјата на Струга и Македонија. Владата на Никола Груевски намерно заборави да ја прослави 60 годишнината од првиот македонски филм „Фросина“, чиј автор на сценариото е стружанецот Владо Малески. Владата заборави да ја прослави и 70 годишнината од химната на Република Македонија чиј автор е исто така Владо Малески.

Ве прашуваме Вас од ДПМНЕ, како големи патриоти, зошто ја бришете историјата од Народно- ослободителната борба? Можеби затоа Никола Груевски не дојде на овие два големи јубилеја барем еднаш да се поклони пред споменикот на Владо Малески и пред Споменикот на Револуцијата во Струга, велат од СДСМ-Струга.

Зошто ги излажа стружани со ветувањето во 2006 година дека ќе донесе нов закон за територијална организација? Зошто речиси две години нема ништо од предизборните ветувања како што беше и реконструкцијата на струшкиот затворен пливачки базен? прашуваат од СДСМ
„И за крај потсетете се кога последен пат Никола Груевски ја посети Струга за да каже уште некое лажно ветување. Сега кога стружани вистински се обединети и очекуваат да се надминете себе си немој да дозволите партиските интереси на само неколку личности уште еднаш да ги разединат граѓаните на Струга и струшко“, велат од ОО на СДСМ во Струга.

Би можело да ве интересира

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он

Обвинителството започна истрага за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители