СДСМ: Стравот на Јакимовски е толку голем што на секаков начин се обидува да ја попречи кампањата

Од:

СДСМ го осудува нецивилизираниот чин на кандидатот на српската напредна странка, Стевчо Јакимовски, кој, и покрај уредното барање од страна на СДСМ не дозволи да се одржи митинг на СДСМ и „Сојузот за иднината“ на игралиштето во населбата Карпош 1.

„И покрај уредно доставено барање уште пред седум дена, во текот на денешниот ден, само два дена пред планираниот митинг на Сојузот за иднината, информирани сме дека кандидатот на Српската напредна странка не дозволува опозицијата во Карпош да одржи митинг на кој ќе ги претстави своите кандидати.

– Новиот адут на премиерот и резервен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош веќе се однесува како Никола Груевски. Очигледно стравот на Јакимовски, кој воопшто не нè изненади, е толку голем што се обидува на секаков начин да ја попречи кампањата на опозицијата.

– Секој што мисли дека на ваков или на сличен начин може да ја промени волјата на граѓаните се лаже. Ваквите испади само ќе ја зајакнат определбата на карпошовци да гласаат за СДСМ и Андреј Петров“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби