СДСМ: Стратегијата за проширување на ЕУ е потврда за успешните политики, Македонија направи значителен напредок

Од:

„Стратегијата за Западен Балкан и за проширувањето на Европската унија е уште една добра вест за Република Македонија.

Македонија направи значаен напредок во својот европски пат, со што се потврдува успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на реформскиот процес.

Изразената подготвеност на Европската комисија да даде препорака за почеток на преговорите за членство, врз основа на исполнети услови, се признаение за напорите на Република Македонија и претставуваат охрабрување за дополнителни резултати во клучните области.

Истовремено, Стратегијата обезбедува и конкретни придобивки за граѓаните и бизнис заедницата.

Зголемувањето на фондовите за Еразмус плус за патување и студирање, отворањето на нови фондови за почнување бизниси, отпочнувањето на процесот на создавање на Енергетска унија меѓу ЕУ и Западен Балкан, зголемувањето на бројот на проекти за патна и железничка инфраструктура, како и идното етапно покачување на претпристапната помош преку ИПА фондовите, се дел од придобивките што следуваат во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.

Напредокот на Македонија во процесот на интеграција е заеднички успех на целата држава, на институциите, политичките партии, заедниците и на сите граѓани на Република Македонија и претставуваат дополнителен мотив за уште попосветено спроведување на реформскиот процес.

Преку успешните политики на Владата предводена од СДСМ, Македонија повторно се движи по вистинскиот пат, што е од интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел