СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи, оцрнувај – само да не покачиш плата!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има пари за себе и своите удобности. Нема пари за повисока минимална плата, но има пари за луксуз, папаја, манго, приватни авиони, тендери и привилегии. И кога треба да изберат – да ги зголемат платите или да ги полнат своите џебови – тие секогаш избираат да се богатат па затоа мора да лажат и да бараат виновник на друго место. Наместо чесно да објаснат зошто не сакаат да ја зголемат минималната плата, тие ја измислија новата стратегија: да го оцрнат синдикатот и да го прогласат за „партиски“ на СДСМ. Наместо да понудат решение за работниците, избраа да водат валкана кампања против оние што се борат за нивните права. Сето тоа за да ја сокријат вистината – дека свесно ги оставаат работниците со срамно ниски плати, додека трошоците за живот секојдневно растат, велат од СДСМ.

„Оваа влада не знае што значи да се преживува со 500 евра. Нивните функционери не знаат што е празен новчаник на 20-ти во месецот. Не знаат што е да се избира помеѓу храна, сметки и лекови. И затоа, кога работниците почнаа да бараат зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ реши да ги нападне синдикатите, да создаде хаос и да одвлекува внимание со измислени приказни за политички координации. Но вистината е јасна: единствената „координација“ тука е помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и елитата. Нивниот приоритет не се работниците, туку газдите и елитата. Тие свесно одлучуваат да ги остават работниците со ниски примања, бидејќи знаат дека секое покачување на платите значи дека ќе мора да одвојат од сопствените луксузи. Колку и да се обидуваат да ја свртат приказната со напади и лаги, не можат да ја избришат клучната вистина: ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја зголеми минималната плата и за тоа е подготвена да ја уништи секоја синдикална борба, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?