СДСМ: Ставрески нека каже за оние стотици милиони евра во шемите со Груевски

Од:

„Кумот на Никола Груевски, министер за финансии Зоран Ставрески, со години ги потценува домашните претпријатија со по 2 евра годишно државна помош.

Ставрески може да зборува само за стотиците милиони евра пари што тој и кумашинот Груевски ги одзедоа на граѓаните за виртуелни странски инвеститори, што или никогаш не отворија фабрики, или ги искористија, дел од нив во сомнителни шеми со власта, ги оставија работниците на улица и си заминаа.

Ставрески им ја должи на граѓаните точната бројка на тие стотици милиони евра.

Кумската врска Груевски – Ставрески е егзекутор на домашните претпријатија во Македонија.

Најмалку 10.000 домашни претпријатија се затворени.

Повеќе од 8.000 чекаат да бидат избришани од евиденцијата во Централен регистар.

Секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Секојдневно домашните претпријатија, мали дуќанчиња и фирми што заработуваат за парче леб, мали и средни претпријатија, се соочуваат со казни во илјадници евра и клуч на врата.

Со последните измени на Законот за додадена вредност, власта го намали прагот за регистрација на правните и физички лица од 2 милиона денари на 1 милион денари, со што даночни обврзници станаа и малите фирми и физички лица.

Ова е грижата на Ставрески и Груевски за малите и средни претпријатија од чиишто каси влечат пари до нивен банкрот, само за да ја полнат празната буџетска каса од којашто ги одлеваат народните пари во фирми со контроверзно потекло, сомнително поврзани со фамилијата.

Нервозни се Ставрески, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зашто во се што упропастија ја гледаат сопствената пропаст.

Не им помагаат предизборни нарачани интервјуа во медиумите под контрола.

Граѓаните ќе ги казнат расипничките политики на братучедско – кумската власт.

Доаѓа и нова одговорна влада предводена од СДСМ којашто преку вистинска грижа и чесна економска политика ќе ги крене и стабилизира домашните претпријатија. За таа цел, во Програмата на СДСМ се предвидени од 20-50 милиони евра државна помош годишно, или вкупно 140 милиони евра. Ова ќе придонесе за здрав и реален економски раст и реални вработувања за граѓаните. СДСМ во Програмата предвидува и праведни даноци со што ќе допринесе во развојот на малите и средни претпријатија, коишто ќе бидат двигател на економијата во земјата“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он