СДСМ: Стапува на сила Законот за јавно обвинителство, тој е гаранција за силна, независна и ефикасна правна држава

Од:

„Денеска на сила стапува Законот за Јавно обвинителство која е гаранција за градење на силна, независна и ефикасна правна држава.

СДСМ и параламентарното мнозинство преку овој Закон овозможија ослободување на правосудството и создадоа услови за независно и професионално постапување на судиите и обвинителите.

Со Законот за јавно обвинителство продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Истовремено продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО“, велат од СДСМ.

„Законот обезбедува избор на обвинители без влијание на политичари и политички партии и најважно, со него нема никаква скриена амнестија. Таквата амнестија постои само во криминалнте умови на ВМРО-ДПМНЕ единствената партија која беше против овој Закон и остана на страната на криминалците и тајкуни.

Јавноста слушна зошто ВМРО-ДПМНЕ правеше се за овој Закон да не се донесе, за да се спаси од одговорност нивниот финансиер и тајкун, Орце Камчев.

Законот за Јавно обвинителство носи владеење на правото, носи ред, правда и дисциплина, колку и тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците