СДСМ: Среде криза градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра за партиски вработувања

Од:

„Додека Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за помош на граѓаните и стопанството, на сите им стана јасно дека кризата не важи за градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Освен што не работат ништо, не се кадарни ниту да ги завршат веќе започнатите проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партизација на општините, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања.

Само четири градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потрошат еден милион евра за партиски вработувања.

Но, затоа пак, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најгласни дека општините немаат пари да платат струја и парно, а истите со народни пари вдомуваат нивни сопартијци.

За сето ова време, Христијан Мицкоски кој глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, нема намера да ги повика неговите градоначалници да престанат со аздисувањето и парите да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот