СДСМ: Срамно, ВМРО-ДПМНЕ се изживува врз граѓаните со ваучерите и ги понижува

Од:

Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редови чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што еден човек се онесвестил. СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви, велат од партијата.

„Дополнително од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало. Моделот на СДСМ одлично функционираше. Сега слушаме дека ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно. Но секако, ова е јасна потврда дека заради нивната неспособност граѓаните мора да мрзнат и се туркаат. Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ е срамно и неодговорно. Прашање е дали ВМРО-ДПМНЕ можеби и намерно се изживува врз граѓаните заради ПР“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години