СДСМ: Срамно, со блокади во Собрание ВМРО-ДПМНЕ против повисоки плати за наставниците

Од:

„Срамно е однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со блокади, деструкции и закани за физички насилство спречуваат повисоки плати во образованието и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основните и средните училишта“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој Закон на штета на наставниците и стручните соработници.

За ВМРО-ДПМНЕ било штетно ова законско решение кое е во интерес на 27.000 наставници во основното и средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе се укинува приправничкиот стаж, лаже дека се бори за поголеми плати во образованието, нивните блокади се на штета на наставниците и целиот образовен процес.

Ниедна лага нема да го покрие штетното дејствување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите треба да завршат кај граѓаните, но нивните блокади нема да успеат, измените на законот ќе бидат донесени“, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби