СДСМ: Срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на централната прослава за 11 октомври

Од:

Јавноста денеска беше сведок на срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која требаше да учествува на централната манифестација во Куманово, по повод одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание, соопштуваат од СДСМ.

„Денеска, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ не оддаде почит ниту на државната химна, ниту на борците, ниту пак на одбележувањето на 79 години од почетокот на антифашистичката борба. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ срамно заминаа без да ја испочитува државната химна, без да ги ги поздрави претставниците на Сојузот на борци и дипломатскиот кор, без да ја проследи манифестација. Иако според протоколот и за нивната делегација како и за сите останати, имаше предвидено место за седење. ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека не им е важен празникот 11 октомври, не им е се важни борците од НОБ, ниту оние кои ги поставија темелите на македонската држава.Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПНЕ остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.“, соопштуваат од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО