СДСМ: Срамниот предлог Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ да се повлече, Арсовска конечно да почне нешто да работи

Од:

„Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска речиси два месеци од мандатот покажува тотална неспособност и носи одлуки се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје. СДСМ и граѓаните се противат на грубата партизација и срамните предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување на лица од режимот на клучни позиции“, соопшти СДСМ.

„Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на МКЦ треба да биде повлечен, бидејќи актерката беше дел од режимот и најпозната по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

На МКЦ се потребни професионалци, луѓе со суштинско познавање на независната сцена и култура, и не смее да се уништува со лица од режимот.

Арсовска вети дека во првите 82 дена од мандатот ќе воведе бесплатен јавен превоз и тоа не само што не го исполни, туку и го откажува проектот и за БРТ.

Наместо да се фати за работа, да реализира капитални проекти, Арсовска прекинува важни проекти за скопјани и врши партизација на јавни претпријатија во Скопје.

Време е Арсовска да се зафати за работа за доброто на граѓаните на Скопје, а не само да мисли каде да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби