СДСМ: Срамната одлука на Уставниот суд е признанието за изборниот грабеж на бандата на Груевски

Од:

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измена на Законот за кривична постапка е уште една потврда за стравот на Груевски од соочување со одговорноста за криминалот и изборните измами.

Попусто Никола Груевски се обидува да ја попречи правдата. Вистината излезе на виделина.

Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија.

Со објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во Избирачкиот список се потврди изборниот криминал на Никола Груевски.

Срамната одлука на Уставниот суд е признанието за изборниот грабеж.

Ниту партиските испостави во судството нема да го спасат Никола Груевски од одговорноста. Секој што го прекрши законот ќе одговара.

Јавноста веќе е запознаена за партиската поврзаност на Елена Гошева, Јован Јосифовски и Никола Ивановски со ВМРО-ДПМНЕ.

За братот на судијата Ивановски е поднесена кривична пријава пред три години, а се уште не се знае ништо за неа.

Ќерката на претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева, Слободанка е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком, каде што главен извршен директор е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Слободанка Гиевска односно Гошева била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, УМС.

Сопругот на Слободанка е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, сега член на Управниот одбор на ЕВН, именуван од владата.

Нејзиниот татко, односно сопругот на Елена Гошевска, Ѓорѓи Гошев, бил поранешен директор на Студентскиот центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Другата ќерка на Елена Гошева, Бојана Гошева, работи во Агенција за електронски комуникации.

Јован Јосифовски и неговото семејство се исто така тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2006-та до 2011 година Јосифовски бил претседател а и член на Државната изборна комисија предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Како член на ДИК, Јосифовски учествувал во избори што се предмет на кривично-правна истрага за изборни нерегуларности.

За Уставен судија, Јосифовски е предложен од Илија Димовски, односно од ВМРО-ДПМНЕ и во отсуство на пратениците од опозицијата е избран во 2012 година.

Дополнително, синот на судијата Јован Јосифовски, Борис, е генерален секретар во Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, од ВМРО-ДПМНЕ.

Се е јасно. Срамната одлука на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од одговорноста за изборниот криминал. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски