СДСМ: Справувањето со коронавирусот е сериозен предизвик, здравствените работници беспоштедно се жртвуваат, да им помогнеме со доследно почитување на препораките и задолженија од институциите

Од:

„Како држава се соочуваме со сериозен предизвик каков што е коронавирусот, но само со заеднички сили и сплотени овој предизвик успешно ќе го надминеме.

Преземени се сериозни и ефикасни мерки за заштита од коронавирусот, сите здравствени институции и целиот здравствен кадар е мобилизиран, воведени се низа мерки кои ќе обезбедат спречување на ширењето на вирусот, ќе се санираат економските последици.

Но, за ефикасна борба и побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот мора сите доследно и целосно да се придржуваме до препораките на Владата и на Министерството за здравство“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не мораат, да не се групираат, да внимаваат на хигиената…

На тој начин ќе се заштитиме себе си и своите најблиски, ќе дадеме значаен придонес во надминување на состојбата со коронавирусот, но и ќе им помогнеме на здравствените работници кои беспоштедно се жртвуваат за здравјето на сите граѓани.

Здравствените работници се на првата борбена линија, искажуваме огромна благодарност за нивната професионалност и пожртвуваност, а наше е преку одговорно однесување и почитување на препораките да им ја олесниме работата и да им помогнеме“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“