СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

Од:

Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро. Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата. Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени, велат од СДСМ.

– Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството. Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.

Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски. Следува целосно погребување на правдата и правната држава, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО