СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба работат спротивно на интересите на граѓаните

Од:

„Погрешните политики на блокади и делување против интересите на граѓаните, се единствена одлика на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба работи спротивно на интересите на граѓаните со блокада на работата на Советот.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба исклучиво заради теснопартиски интереси не дозволуваат жителите на Јурумлери и околните населени места да добијат современ и ефикасен систем за одводнување и пречистување на отпадни води.

Оправдувањата дека со тој проект општината ќе се задолжеле се неосновани и лицемерни, особено ако се земе предвид фактот дека токму локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ аплицирала овој проект да се финансира преку заем од Светска Банка.

Деструктивното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ освен на штета на граѓаните оди на штета и на општинскиот буџет.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба, спротивно на Законот за градежно земјиште не дозволија да биде донесена Програмата за работа во областа на располагање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, која е со времетраење до 11 март 2018 година и со која е предвиден приход од девет милиони евра. На овој начин, со блокади, советниците на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го оневозможат развојот на општината со што работат спротивно на интересите и потребите на граѓаните на општина Гази Баба.

Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им се важни интерeсите и потребите на граѓаните, општините и државата, туку се водат исклучиво од сопствени теснопартиски интереси.

СДСМ како одговорна партија, нема да дозволи ваквото расипничко и неодговорно однесување на опозициската партија да биде на штета на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите