СДСМ: Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје

Од:

„Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје

Бројката на новозаразени со корнавирусот во цела Европа, во земјите од регионот и кај нас, континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата, а најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е почитувањето на ковид протоколите, носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не биде во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени“, велат СДСМ.

„Почитувањето на мерките, носењето маска, држењето дистанца и редовната дезинфекција остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи.

Заради поголема заштита на јавното здравје, Владата усвои нови мерки кои ќе стапат на сила откако ќе се усвојат законските измени во Собранието.

Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира, овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи.

Ова е заедничка борба на сите граѓани и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ