СДСМ: Сокол Митровски ги освои гласовите со уцени, закани и поткуп

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Ѓорче Петров во двата досегашни мандати не ги исполни своите ветувања, па на 24 март ја силуваше волјата на ѓорчепетровци, обвинува „Сојузот за иднината“.

„Иако генералот во пензија, Сокол Митровски, имаше можност во изминатите осум години да ги реши проблемите на жителите на Волково, како и на сите жители на општина Ѓорче Петров, тој тоа не го стори. Митровски ја изгуби довербата од ѓорчевци. Немајќи друг излез, на 24 март прибегна кон единственото што му преостануваше: ја силуваше волјата на ѓорчевци преку притисоци, закани, уцени упатени кон вработените, уцени за лекарски прегледи, поткупување со државни пари, па дури и исклучување на електричната енергија во неколку гласачки места за време на броењето на гласовите. Сепак, подмолната кампања на Митровски, во која се вклучени Ставрески, Велјановски и останати претставници од врхушката на ДПМНЕ, нема да успее. Ѓорчевци на 7 април за свој градоначалник ќе го изберат кандидатот кој во сите негови мандати како член на Совет на Општина Ѓорче Петров и како член на Совет на Град Скопје, нивните идеи и предлози за подобро Ѓорче ги реализираше и со тоа ја заслужи довербата на граѓаните“, гласи соопштението на „Сојуз за иднината“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?