СДСМ: Социјалната реформа ги унапредува правата на лицата со попреченост

Од:

Со новата социјална реформа, која е веќе  усвоена во Собранието, градиме систем кој го унапредува животот на лица со попреченост и нивните семејства. За прв пат, се обезбедува надоместок за лица со тешка и длабока интелектуална попреченост во износ од 7.204 денари месечно, а предвидени се и две услуги во домот на лицата со попреченост – помош и нега и лична асистенција, информира СДСМ преку соопштение.

“Обезеден е паричен надоместок на плата за оние родители кои го користат правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи. Висината на овој надоместок изнесува 50 отсто од просечната нето плата на родителот во претходната година, но најмногу до 50% од просечната плата во претходната година во Република Северна Македонија.

Со социјалната реформа се воведува мeрката траен надоместок. Родителот кој се грижел за дете со попреченост и не остварил право на пензија по друг основ, а при тоа има навршени 62 години за жена, односно 64 години за маж може да се стекне со траен надоместок во висина од 8.000 денари месечно.

Продолжуваме со грижата за граѓаните преку вистински мерки и конкретна, вистинска помош и поддршка за оние семејства на кои тоа им е неопходно. Секој е важен. Зборот е збор. Градиме фер и праведно општество со еднакви можности за сите, градиме систем кој обезбедува услови за квалитетен живот за сите граѓани.”, е објаснето во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?