СДСМ: Собранието функционира, не успеа блокадата на Мицкоски

Од:

Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски. И покрај тоа што се потрошија два дена на нивните бесмислени предлози, дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работата велат од СДСМ.

– Без нималку чувство на одговорност, во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични и партиски интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата. Собранието мора да биде функционално во време на светска економска криза, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош и поддршка за граѓаните и домашната економија се вели в осоопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?