СДСМ: Со злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот

Од:

„Прочитани се намерите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби на техничките функции и ширење лажни вести го бранат криминалот на режимот.

Вчера беше објавен разговор со кој ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола сакаа да креираат непосточки случај, класична лажна вест ставија во функција на одбрана на криминал. И не успеаја.

Се покажа дека станува збор за разговор кој покажува законско работење нанадлежни институции, кои презеле навреме соодветни мерки за заштита на интересот на државата и граѓаните“, велат од СДСМ.

„Од страна на советникот на министерот Димковски, Томе Мојсовски му се укажува на лице вработено во Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, да го почитува законот и да презема мерки за почитување на договорот од страна на концесионерот на Охридското езеро.

Три месеци инспекторот од Охрид не презел никакви дејствија, не ја вршел својата работа и не соработувал со Езерската полиција, по што дошло до низа сериозни прекршувања на законите. Се што Мојсовски барал од инспекторот да ја работи својата работа и да не штити прекршувања на законите.

СДСМ работи законски а ВМРО-ДПМНЕ и медиуите под нивна контрола го бранат криминалот.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се толерираше и поттикнуваше незаконско работење токму од оние кои треба да ги спроведуваат законите, денес институциите постапуваат согласно законите и надлежностите и не дозволуваат некој да штити или поттикнува криминал.

Денес, институциите се во сигурни раце, а иднината на државата и граѓаните е обезбедена во големите светски сојузи НАТО и ЕУ.

Денес во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Тие јасно покажуваат дека се носители на криминалот и беззаконието, узурпатори на институциите во обид и партија која е радикална и која е закана за мирниот живот на граѓаните.

Груевистичкото ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е изолирано и спречено да прави криминал од страна на професионалните институции. Во нашата разумна и нормална земја, членка на НАТО, груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема да има никакви шанси на изборите во април.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, режим никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски