СДСМ со Стефан Богоев против Стевчо Јакимовски во Карпош

Од:

СДСМ во скопската општина Карпош на Стевчо Јакимовски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе му се спротивстави со Стефан Богоев, и покрај најавите дека најсериозен кандидат е Душко Весковски.

Засега, најавата е точна само за Златко Марин како кандидат за градоначалник во Аеродром, каде најверојатно ќе се соочи со Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако првично не се спомнуваше Александар Наумовски ќе се трка во Ѓорче Петров, Далибор Богдановки во Сопиште, Мелекие Халими во Арачиново, а Борче Георгиевски во Гази Баба.

СДСМ веќе уште вчера ги соопшти кандидатите за неколку општини. Аце Коцевски во Велес против актуелниот градоначалник Славко Чадиев, Благој Бочварски во Штип и Коста Јаневски во Струмица против Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште не е познато кои се кандидатите за Центар и Градот Скопје. Според најавите на Фејбук, Андреј Жерновски за секој случај собира потписи за да може да се кандидира и како независен кандидат, доколку му ја откажат поддршката од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион