А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Со серија мерки Владата предводна од СДСМ вистински ги помага земјоделците и парите ги насочува кон нив

by А1он24/08/2017 - 09:3325/08/2017 - 08:3176
Share0

„За разлика од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто работеше селективно и на штета на земјоделците делејќи субвенции по партиска линија и државно обработиливо земјиште по бизнис релации, сегашната влада предводена од СДСМ работи во интерес на земјоделците и парите ги насочува кон нив.

Добивај вести на вибер

Уште во првите два месеци од доаѓањето на власт, санирани се штетите направени во земјоделството од претходната власт и донесени се мерки во интерес на земјоделците и унапредување на земјоделското производство.

Обезбедена е поддршка од 10.000 евра, неповратни средства за млад земјоделец. Со тоа Владата ги помага младите регистрирани земјоделци и го поттикнува руралниот развој.

Нови 10 милиони евра се наменети за поддршка на земјоделството, а тоа се пари што ќе стигнат во рацете на овоштарите, полјоделците, лозарите сточарите со што владата предводенаа од СДСМ директно го помага домашното производство на храна.

Се подготвуваат прецизни планови за подобра искористеност на ИПА фондовите во земјоделството, европски пари кои повторно ќе бидат во функција на унапредување и зголемување на земјоделското производство.

За овој краток период од преземањето на власта исплатени се околу 60 милиони евра за субвенции, пари кои завршуваат во рацете на вистинските земјоделци.

Додека ВМРО-ДПМНЕ смислува лажни вести, владата предводена од СДСМ ги санира штетите направени во земјоделството и носи мерки за подобрување на условите за работа на земјоделците“ се вели во соопштнеието на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто