СДСМ: Со продолжувањето на рокот за поднесување барања, процесот на легализација ќе стане праведен и достапен за сите

Од:

„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат зацртаните реформи што носат квалитетен живот за сите.

По одлуката за намалување на катастарските услуги за 50 отсто, Владата предводена од СДСМ донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација на бесправно изградените објекти.

Со измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, своето право ќе можат да го остварат во нов дополнителен рок од 1 јануари до 31 декември 2018 година.

Дополнително, за сите граѓани кои за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација ќе се обезбеди и дополнителен рок од шест месеци од 1 јануари до 30 јуни во кој ќе можат да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација.

Преку предвидените измени на Законот, легализацијата на бесправно изградените објекти ќе биде праведна и достапна за сите и ќе им се излезе в пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не успеваа на време да поднесат барање за легализација на своите објекти.

Македонија оди напред! Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да ги остваруваат дадените ветувања и посветено да работат во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО