СДСМ со осуда на ставовите на дописникот на МИА од Брисел

Од:

 
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ги осудува ставовите на дописникот на државната информативна агенција МИА, Бобан Нонковиќ.
 
Јавниот повик на Нонковиќ за употреба на „нормални курмуши“ за граѓаните коишто протестираат е скандал што покажува нечовечност, омраза и крајна деструктивност којашто нема никаква врска со нивинарската професија.
 
Поттикнување и промовирање говор на омраза, јавно повикување на егзекуција на оние граѓани коишто протестираат или мислат различно, се карактеристики многу блиски до фашистичката идеологија.
 
Ваквите ставови искажани од дописници на државна агенција, платени со пари на сите граѓани, се на директна штета и на угледот на Република Македонија.
 
Најмалку што треба да направи државната информативна агенција МИА е да го повлече својот дописник од Брисел.
 
За останатата одговорност би требало да се погрижи Јавното обвинителство.
 
Сето ова е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак што тој го создаде, платен со пари на граѓаните.
 
Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.
 
Никој нема право да им се заканува на граѓаните со „куршуми“.  Тој што ќе се реши на таков чекор треба да биде свесен за последиците и одговорноста што ја повлекува.
 
На секој во оваа држава треба да му биде јасно дека правдата во Македонија ќе се врати.  Секој што го прекршил законот ќе одговара, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ