СДСМ: Со Николов како градоначалник продолжуваат успешните политики за развој на општина Штип

Од:

„Доктор Сашко Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ за овие предвремени локални избори во општина Штип.

Во изминатите години Николов се профилираше како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија.

Во краткиот период додека ја извршуваше функцијата пратеник во Собранието, Николов покажа како се работи посветено и одговорно во интерес на граѓаните и државата“, велат СДСМ.

„Нема сомнеж дека така ќе продолжи и како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани.

Во фокусот на програмата на Николов е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за највозразните сограѓани, пензионерите.

Следува забрзана реализција на капитални проекти важни за Штип и неговите граѓани. Долгогодишниот сон на Штипјани станува реалност. Обезбедени се средства од Влада на Република Северна Македонија за започнување на изградба на брана на река Отиња, проект од историска важност за Штип.

За поголема безбедност на граѓаните и растоварување на сообраќајот и подобар проток, на левата страна од река Отиња ќе се изградат пешачки конзоли.

Следува гасификација преку изградба на 20 километри гасоводна цевка до Штип.

Во изминатите три години СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните на Штип. Сашко Николов ќе продолжи како градоначалник, посветено да работи во интерес на Штип и неговите граѓани.

Со Николов како градоначалник продолжуваат успешните политики во општина Штип. На 13 декември на безбедни избори граѓаните ќе ја дадат довербата на доктор Николов за да продолжи развојот на Штип“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје