СДСМ: Со мешање во работата на Сојузот на пензионери, Борче Јовчески ја злоупотреби градоначалничката функција

Од:

Со аматерското и крајно неодговорно извршување на градоначалничката функција, согласно позитивните законски прописи, Борче Јовчески го загрозува нормалното функционирање на Општина Прилеп. Со своето присуство на средбата на пензионери од повеќе општини од регионот, давањето официјални изјави за прашања кои не се од надлежност ниту на локалната самоуправа, ниту на градоначалникот, Јовчески покажа елементарно непознавање на надлежностите на функцијата која ја извршува.
Истовремено, од позиција на актуелен „татко“ на градот, на истиот настан Јовчески зборуваше во својство на партиски функционер на ДПМНЕ, со што грубо ја злоупотреби градоначалничката функција, се вели во писмената реакција на СДСМ.

„Прилепчани не те бираа за градоначалник за да го растураш Сојузот на здруженија на пензионери, да ги делиш пензионерите по партиска линија и, на работното место во зградата на Општина Прилеп, да вршиш партиска пропаганда. Ако во изминатите 30 месеци колку што седиш во градоначалничката фотелја, не си разбрал што е твојата работа, треба да знаеш дека Законот за локална самоуправа прецизно ги дефинирал надлежностите на општините, а членот 50 од истиот закон и надлежностите на градоначалникот. Во секој член, во секоја алинеја од Законот јасно е кажано: градоначалникот треба да се занимава со својата, а не со работата на законодавната и извршната власт. Градоначалникот треба да ги решава проблемите на граѓаните, а не да создава нови проблеми и нови поделби.

Партијата на Борче Јовчески, ДПМНЕ, 11 години ги лажеше пензионерите и со своите губитнички политики, го урниса нивниот стандард под прагот на пристојната егзистенција. За разлика од нив, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија воведе системски решенија: за две години пензиите се зголемени за 30 отсто, донесени се мерки за ранливите категории на граѓани, воведена е социјална сигурност за стари лица со навршени 65 години возраст, а секој први во месецот пензиите се легнати на сметка на пензионерите. Оттаму, најнеспособниот градоначалник во историјата на Прилеп, Борче Јовчески, последните месеци од својот мандат треба да ги искористи за да го направи единственото нешто кое прилепчани го бараат од него – да престане да им ги комплицира животите! Конечно, заради пречекорување на законските надлежности, Општинската организација на СДСМ против градоначалникот Борче Јовчески ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, велат од партијата..

Би можело да ве интересира

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ