СДСМ во два наврати ја покачи минималната плата и таа денес изнесува 14.500 денари, што е за 60 отсто повеќе во однос на 2017 година кога таа беше само 9.000 денари.
Просечната плата во ноември 2019 година изнесуваше 25.787 денари и е речиси за 2.600 денари повисока отколку во ноември 2017 година.
Над 32.000 вработени во основното, средното и високото образование, со последното покачување во јануари од 10 проценти добиваат плати повисоки за скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година.
Значително пораснаа и платите во социјалната и детската заштита.
Го вративме достоинството на воспитувачите и на социјалните работници.
Илјада сто и седумдесет вработени во Центрите за социјални работи добија историско зголемување на платите во просек за 4.363 денари по вработен.
Историски највисоко покачување добија 3.138 негователи и воспитувачи во градинките кои сега земаат плата во просек за 3.000 денари повиока од претходно.
Растот на платите продолжува. Веќе од февруари значително се зголемуваат платите во здравството.
Лекарите специјалисти, медицинските сестри и техничкиот персонал добиваат ново зголемување на платите.
Мерките на СДСМ го поттикнуват растот на платите во приватниот сектор.
Меѓу таквите мерки е и субвенционирањето на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.
Оваа мерка досега ја искористија над 20.000 компании или вкупно 106.000 вработени во приватниот сектор добиваат повисоки плати.
Сите овие мерки значат реално подобрување на семејните буџети и повисок животен стандард.
Продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал.