СДСМ: Со лустери и плочки од 100.000 евра во Белиот дворец ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за животниот стандард

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал и расипништво, партија што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, нема никаков кредибилитет да зборува за животниот стандард велат од СДСМ.

– Од скромна жолта куќа направија бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра. Лагите и манипулациите што ги пласира оваа партија изминатите денови е очаен обид за свртување на вниманието од случајот Талир-2 и барањето за одземање на нивната Бела палата во која за една вазна платиле 180 000 евра. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не одвоија ниту еден денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони. Одамна на граѓаните им е јасно дека оваа партија не може да понуди ништо освен криминал и расипништво се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела