СДСМ: Со конструкции за ЈП Градски Паркинг не може да се сокрие неспособноста на Арсовска, таа не знае да менаџира со парите на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ создава конструкции околу ЈП Градски Паркинг во обид да ја сокрие неспособноста на градоначалничката Данела Арсовска нешто да сработи за граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Додека Град Скопје обезбедува финансиска поддршка од пет милиони денари или над 80.000 евра за ЈП Градски Паркинг, Арсовска ги намалува цените за паркирање кои се главен извор на приход на ова Јавно градско претпријатие.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, таа како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не знае да менаџира со парите на граѓаните.

Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ бараат пари од владата, а општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партизација на администрацијата.

Граѓаните и општините не заслужуваат градоначалници кои работат исклучиво за лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар