СДСМ: Со измислици и лажни афери, ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие неработењето на Арсовска

Од:

„Во обид да ги прикријат неспособноста и неработењето на Данела Арсовска, од ВМРО-ДПМНЕ секој ден измислуваат наводни афери. Не може да се сокрие фактот дека Данела Арсовска е најслабата градоначлничка досега“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„За првите денови нема ниту еден реализан проект. Единствено што правеше е нивелирање шахта и поништување проекти од интерес на скопјани.

Во време на криза Арсовска и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија граѓаните и ги игнорираа нивните барања.

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да ја сокрие неспособноста и неработењето на своите градоначалници, кои многу ветуваа, а ништо не исполнија и ја изиграа довербата на граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби