СДСМ: Со инвестицијата во проектот „Александруполи“ ја обезбедуваме македонската енергетска иднина

Од:

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори со цел обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност.Со потпишаниот Меморандум за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе земе учество проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри – порачуваат во соопштение од СДСМ.

„Согласно договорот нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е да учествуваме и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал. До 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица“ – се вели во соопштенито.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски