СДСМ: Со Груевски е завршено!

Од:

„Македонија мора да оди напред. Волјата на граѓаните и нивната мнозинска определба за промени мора да се почитува! Само тоа е излез од политичката криза во државата што ја наметна досегашната несовесна власт.

Над 612.000 граѓани јасно избраа живот и правда, избраа да живеат во едно општество за сите, го поддржаа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби, концептот на интеграција наспроти концептот на изолација и тоа се перспективите.

Во тек се демократски процеси коишто се незапирливи и кои отвораат иднина.
Назадувањето на Македонија заврши.

Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, додека земјите од регионот одат напред.

Вчерашното интервју на Груевски е потврда дека неговото време е завршено. Тој нема идеја, нема визија, не може да одговори на потребите на граѓаните и на државата.

А во политиката во Македонија повеќе нема место за политичари кои го крадат, го лажат својот народ, нанесуваат зло и неправди на граѓаните, ги злоупотребуваат културните и етничките разлики, ги караат мегусебно и ги одалечуваат од светот за лични профити.

На Македонија и е неопходна нова стабилна реформска Влада.
Република Македонија е подготвена за нов начин на водење на државата, темелно, посветено, чесно, одговорно, демократски.

СДСМ работи на поставување на приоритетите за граѓаните и за државата согласно Уставот, со цел да обезбеди стабилна иднина за државата и квалитетен живот за сите и веруваме дека во брзо време сите ќе го почувствуваме тоа олеснување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?