СДСМ со граѓаните на Штип: Заедно ќе ја обезбедиме иднината на државата

Од:

Тимови на СДСМ во текот на целиот ден денеска се помеѓу граѓаните на Штип. Генералниот секретар Оливер Спасовски, членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Атанасов, Пеце Мирчески, Аднан Џафероски, Благојчо Бочварски и други високи претставици на СДСМ, претседатели на  комисии како и претставници од ОО СДСМ Штип разговараа со граѓаните на Штип за доказите од проектот Вистината за Македонија.

sdsmStip18apr (1)

На средбата со борците од градот Штип, генералниот секретар на СДСМ, Спасовски, рече дека придонесот НОБ за Македонија ќе беше невозможен без големината, решителноста, храброста и посветеноста на борците од НОБ.

sdsmStip18apr (6)

-Благодариме за вашиот придонес кој го почитуваме и го вреднуваме. Македонија денес е исправена пред нови предизвици за кои со гордост може да кажеме дека имаме и храброст и решителност да ги надминеме. Се обврзавме пред граѓаните и нашата обврска ќе ја исполниме, ќе ја вратиме слободата и демократијата  а со тоа и ќе обезбедиме и  подобра и попросперитетна иднина за Република Македонија, рече Спасовски.

sdsmStip18apr (3)

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Петар Атанасов, се сретна со младите штипјани.

sdsmStip18apr (5)

-Младите се двигателот на новата енергија која ја почувствува цела Македонија. Одлучното НЕ на студентите и средношколците за погрешните политики на власта даваат надеж дека младите се подготвени да се изборат за подобра иднина на државата, рече Атанасов.

sdsmStip18apr (4)

Тимовите на СДСМ во текот на денешниот ден остварија средби и со професори и стечајци од Штип.

Вечерва на градскиот плоштад во Штип, во тек е граѓански собир: Граѓаните заедно за Вистината за Македонија.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски